МНР на Бугарија изрази сочувство до блиските на загинатите во несреќите на „Тракија“
Министерката за надворешни работи на Бугарија изрази искрено сочувство до блиските на загинатите во тешките сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“ и им посака брзо закрепнување на повредените, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.
„Денеска, на денот на национална жалост, ги наведнуваме главите во спомен на загинатите во тешките сообраќајни несреќи на автопатот ’Тракија‘“, се наведува во објавата.
„Почит кон споменот на загинатите!“, порачаа од Министерството.
