| |

Бугаринот Христо Мусков го собори светскиот рекорд во влечење авион

Бугарскиот спортист Христо Мусков го подобри светскиот рекорд во влечење авион, откако успеа да помести „Ербас А320“, тежок повеќе од 40 тони, на растојание од 20 метри за само 23 секунди, јавува БНТ.

Рекордниот обид беше изведен на аеродромот „Васил Левски“ во Софија, Бугарија.

Со ова постигнување Мусков го надмина досегашниот светски рекорд, поставен во 2021 година од Британецот Марк Џинс, подобрувајќи го неговото време за осум секунди.

Резултатот допрва треба да биде доставен до Гинисовата книга на рекорди за официјална проверка и признавање.

Слични Објави