Заврши поморската воена вежба „Посејдон 2026“ во Бугарија
Мултинационалната поморска вежба „Посејдон 2026“, организирана и раководена од Воената морнарица на Бугарија, заврши во бугарските територијални води, соопшти бугарското Министерство за одбрана.
Вежбата беше насочена кон унапредување на подготвеноста и оперативната усогласеност на учесниците при противмински операции, истражување плитководни подрачја и откривање и уништување неексплодирани убојни средства.
Учествуваа војници и екипажи од морнариците на Бугарија и Романија, како и бродови од Противминската поморска група во Црното Море – MCM Black Sea. Во штабниот дел се вклучија претставници од Белгија, Франција, Холандија, Грција, Турција и Романија, како и од Сојузничката поморска команда на НАТО.
Активностите се одвиваа според стандардите и процедурите на НАТО, под раководство на флотилниот адмирал Радко Пенев.
Од Министерството истакнаа дека вежбата го потврдила значењето на бугарско-романската воена соработка и на заедничката подготовка за безбедноста на пловидбата во црноморскиот регион.
