Бугарија одобри спогодба за уште пет системи IRIS-T SLM и планира набавка на 57 хаубици CAESAR
Бугарскиот парламент ја ратификува спогодбата со Германија за заедничка набавка на уште пет системи за противвоздушна одбрана IRIS-T SLM, јави БГНЕС. За ратификацијата гласаа 179 пратеници, десет беа воздржани, а немаше гласови против.
Бугарската влада одобри и набавка на 57 француски самоодни хаубици CAESAR, кои треба да ги заменат хаубиците „Гвоздика“, објави „Дифенс експрес“. За хаубиците и муницијата се планирани 686 милиони евра. Договорот сè уште не е потпишан, а трошокот треба да го одобри парламентот.
