Техничкиот универзитет во Софија и Hewlett Packard Enterprise потпишаа меморандум за соработка
Техничкиот универзитет во Софија и Hewlett Packard Enterprise потпишаа меморандум за соработка чија цел е студентите да стекнат практично искуство и да ги развијат своите професионални вештини преку соработка со стручњаци од технолошкиот сектор. Информацијата е објавена на фејсбук-страницата „Software Science – Technical University of Sofia“.
Меморандумот е потпишан во 2026 година, која Универзитетот ја одбележува како Година на математиката.
„Овие иницијативи создаваат услови знаењата од математиката, информатиката и современите технологии да се применат во практиката, а младите стручњаци да се подготват за професиите на иднината“, се наведува во објавата.
