|

Германскиот претседател во посета на Белата куќа

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска ќе престојува во ненадејна посета на Вашингтон, каде ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, соопшти Белата куќа.

Состанокот во американската престолнина треба да ја потврди „нашата блиска соработка како сојузници на НАТО за голем број важни прашања како што се одбраната на демократските вредности и нашата заедничка посветеност да ја поддржиме Украина во одбраната од руската инвазија“, објави Белата куќа.

Берлин објави дека Штајнмаер патува на покана на Бајден. Тоа ќе биде прва средба меѓу двајцата претседатели откако поранешниот германски министер за надворешни работи ја презеде претседателската функција.

Според Белата куќа, официјална причина за посетата е Германско-американскиот ден, кој се одбележува на 6 октомври и се слави како спомен на доаѓањето на првите доселеници од Германија во Филаделфија во 1683 година.



Слични Објави