| |

Стивен Казер од Виена го носи бугарскиот фолклор во својата душа

Стивен Казер, роден во Виена од мајка Бугарка и татко Австриец, настапи со тракиско и шопско оро на фестивалот за музика и танц во Софија на почетокот на ноември. За фолклорната група при бугарското училиште „Проф. Иван Шишманов“ во Виена ова беше трет настап на бугарска сцена, раскажа тој за Радио Бугарија.

Казер секое лето го поминувал кај баба му и дедо му во Пловдив. Од тие денови потекнува и неговата љубов кон бугарскиот фолклор. Во 2017 година се придружил на детскиот ансамбл при училиштето, а денес игра во младинската група „Китка“, со која настапувал и во Чешка, Германија и Кина.

Особено ги сака тракиските ора поради нивните ритми и ситни чекори. Во шопската кореографија што ја изведе во Софија, Казер ја игра улогата на момче кое се задева и танцува со девојка. Нивната приказна завршува со свадба на која игра целото село. „Во секое оро има некаква приказна и токму тоа многу го сакам – пораката што ја пренесуваме од сцената“, вели тој.

Казер годинава завршил средно стручно училиште за машинство и по воениот рок планира да студира машинство во Виена. По студиите би сакал да живее во Бугарија. „Би се вратил, секако. Тоа е мојот детски сон“, вели тој.

Слични Објави