Во Варшава беше потпишан договор за проучување на можностите за изградба на мали модуларни реактори во Бугарија
Бугарската Национална електрична компанија (НЕК), „Блу брд енерџи“ и полската „Синтос грин енерџи“ потпишаа договор во Варшава со кој ќе ги разгледаат можностите за изградба на мали модуларни нуклеарни реактори во Бугарија. Договорот беше потпишан на седмата министерска средба на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), јавува 24 часа.
Партнерите ќе ги анализираат можните локации, изворите на финансирање и моделите на партнерство. Проектот предвидува изградба на реактори од типот BWRX-300, технологија што ја разви „Џи-И Вернова Хитачи нуклеар енерџи“. Целта е Бугарија да биде меѓу првите земји во Европа што ќе ја применат оваа технологија.
„Вклучувањето на НЕК во партнерството е важен чекор кон проучување на можностите за развој на технологијата во Бугарија“, изјави Рафал Каспрув, главен извршен директор на „Синтос грин енерџи“.
