| |

Националниот историски музеј на Бугарија го одбележа 90-тиот роденден на академик Васил Ѓузелев

Националниот историски музеј на Бугарија го одбележа 90-тиот роденден на историчарот и прв директор на музејот, академик Васил Ѓузелев. На свеченоста во Сончевата сала беше претставен 39-тиот том од серијата „Известија на Националниот историски музеј“, посветен на неговиот научен труд и на годините во кои раководел со музејот, јави Бугарското национално радио.

Јубилејниот зборник содржи 25 научни трудови, од кои голем дел се посветени на теми што самиот Ѓузелев ги истражувал. Серијата опфаќа истражувања од областа на историјата, археологијата, нумизматиката, етнологијата и музеологијата.

Првиот том излегол во 1976 година, кога Ѓузелев раководел со музејот и ги поставувал темелите на неговата научна и издавачка дејност. На свеченоста присуствуваа претставници на академската заедница, музејски стручњаци, истражувачи, ученици и пријатели на историчарот.

Во мај годинава, по повод јубилејот и за неговиот исклучителен придонес во развојот на бугарската историска наука, Ѓузелев го доби признанието „Златен век“, највисокото одликување на Министерството за култура на Бугарија.

Слични Објави