Цветина Грамова и Ради Радев ќе го претстават своето творештво во Торонто
Бугарската фолклористка Цветина Грамова и диригентот Ради Радев на 22 ноември ќе го претстават своето творештво во Македонско-бугарската православна црква „Света Троица“ во Торонто. Настанот е дел од одбележувањето на 60-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Бугарија и Канада, јави Бугарското национално радио (БНР).
Грамова, која го истражува бугарскиот музички фолклор, заедно со Десислава Василева ќе го претстави проектот „Фолклорна приказна за бугарските народни музички инструменти“. Потполковникот Ради Радев е главен диригент на Бугарската армија и раководител на Гардискиот репрезентативен дувачки оркестар. Дел од своите композиции им посветил на личности од бугарската историја.
Грамова и Радев се меѓу добитниците на признанието „Бугарски амбасадори на културата“, кое слушателите на БНР им го доделуваат на творци што ја промовираат бугарската култура во светот. Добитниците ќе ги претстави новинарката на БНР Нина Цанева, на чија иницијатива радиото ја започна кампањата пред пет години.
