Образовен робот влезе во училниците на училиштето „Васил Друмев“ во Варна, Бугарија
Учениците од училиштето „Васил Друмев“ во бугарскиот град Варна денеска ги изненади необичен помошник. Училиштето доби образовен робот кој ќе им помага на наставниците и ќе работи непосредно со децата, јавува БГНЕС.
Роботот е наменет првенствено за развивање на вештините на учениците во областите на науката, технологијата, инженерството и математиката (СТЕМ), како и во програмирањето. Со негова помош, наставниците ќе можат да ги претворат традиционалните часови во интерактивни активности што полесно го задржуваат вниманието на учениците.
Од училиштето посочуваат дека наставниците ја задржуваат главната улога во наставата, а роботот им служи како дополнителна алатка. Децата веќе покажуваат голем интерес за својот нов дигитален помошник. Целта е учењето да се одвива на природен и интересен начин.
„Со овој чекор училиштето ‘Васил Друмев’ уште еднаш покажува дека е отворено кон иднината и дека не се плаши да ги воведе современите технологии директно во наставата“, изјави заменик-директорката на училиштето Станка Петкова.
