Бугаринот Васил Миленчев по рекорден 11-ти пат е прогласен за најдобар судија во дисциплината сабја
Бугарскиот судија во мечување Васил Миленчев е прогласен за најдобар судија во дисциплината сабја за 2026 година. Миленчев, кој е од Пловдив, го доби признанието по рекорден 11-ти пат, јавува БНР.
Почесната плакета синоќа му ја врачи вршителот на должноста претседател на Меѓународната федерација за мечување, Абдел Монеим ел Хусеини, на свеченост за време на конгресот на федерацијата во Будимпешта.
Миленчев суди на сите турнири од Светскиот куп во сабја, како и на европските и светските првенства.
