| |

Пловдив одбележува 130 години од раѓањето на сликарот Цанко Лавренов

Градската уметничка галерија во Пловдив, Бугарија, со постојана изложба и низа настани ја одбележува 130-годишнината од раѓањето на сликарот Цанко Лавренов, роден во Пловдив на 24 ноември 1896 година, јавува БНР.

Во рамките на проектот „Споменот на Цанко Лавренов во пловдивската галерија“ се организира и конкурсот за деца и млади „Ателјеата на Лавренов“. Тој е наменет за учениците од уметничките училишта и специјализираните паралелки, како и за учесниците во школите за цртање во Пловдив.

Слични Објави