| |

Деца и млади учествуваа на работилница за применета уметност во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје

Деца и млади вчера изработија нови дела на работилница за применета уметност во галеријата на отворено на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје. Учесниците работеа под водство на обучувачи од Бугарија, меѓу делата од изложбата „Хармонија во бои“.

Изложените дела ги изработија деца и млади од Бугарија, Северна Македонија, Украина и Италија во рамките на проект на програмата „Еразмус+“ и здружението „Духовно огледало“. Во третиот модул од проектот, младите ќе бидат и обучувачи во креативното ателје, а моделите што ќе бидат изработени ќе станат дел од изложбата.

Работилницата ја организираа Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, Бугарското неделно училиште „Здравей“ – Академија за иновативно образование во Скопје и здружението „Духовно огледало“.

Слични Објави