| |

Француската полиција: 12 Бугари се повредени во Марсеј, петмина се во болница

Полициската префектура на департманот Буш-ди-Рон соопшти дека 12 бугарски државјани биле повредени за време на инцидентите на стадионот „Велодром“.

„Петмина биле пренесени во болница со повреди на очите, повреди на главата и изместено рамо, а на останатите им била укажана помош на самото место поради различни повреди“, појаснија од префектурата и додадоа дека немаат информации за евентуални апсења.

Слични Објави