ТИМОНИЕ: ПОТРЕБНО Е ДО МАЈ ДА ИСПОРАЧАТЕ РЕЗУЛТАТИ
Процесот на ревизија на ЕУ постои и доколку се дадат позитивни точки до месец мај и од ваша и од наша страна мислам дека ќе добиеме добри вести, изјави денеска во Собранието францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
Запрашан дали е оптимист дека до мај земјата може да ја заврши домашната задача за да добие зелено светло за преговори со ЕУ, амбасадорот Тимоние при тоа истакна дека најпрво треба да се организираат добри избори, односно да се продолжи во континуитет добивањето на позитивните извештаи од ОБСЕ за организирањето на изборите, но исто така и избирачкиот процес да биде зајакнат. Со тоа, рече, ќе се испорача добра слика за Северна Македонија дека е демократска земја но исто така и дека ги исполнува сите Копенхашки критериуми.
