Судењето за „Тортура“ одложено за 23-ти март
Во Кривичниот суд денеска не се оддржа првото рочиште за предметот на СЈО „Тортура“, што се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.
Во „Тортура” обвинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата за апсењето на Бошковски.
Според обвинението, на 6 јуни 2011 година, ден по изборите, Сашо Мијалков како директор на УБК, поради дискриминација по основа на поинаква политичка определба, ги навел обвинетите „алфи“ при лишувањето од слобода на Љубе Бошкоски да предизвикаат кај него душевно страдање. Во времето на апсењето меѓу 14.30 до 16.00 часот на паркингот пред ресторанот „Воденица“, без да постои каков било отпор од Љубе Бошкоски, употребиле прекумерна сила и закана и спротивно на уредбата за употреба на средства на присилба и огнено оружје ги пречекориле законските овластувања за употреба на средства за присилба.
Жалбата до Апелација стигнала дури на почетокот на месецов. Следно рочиште за „Тортура” е закажано за 23 март.
