| |

За златното, бакарните и рѓосаните телиња

Приказната за Златното теле од Библијата, ја знаеме сите, или пак, барем, оние кои се поупатени во религиозните православно-христијански вистини, а таа вели дека ниедно азно на светот не е поголемо од Бога или, ако сакате, од етичките принципи на кои не учи Тој, не само преку таа тажно-поучна приказна…

Иако, старозаветна, од дамнини, оваа приказна кај нас во Библиска Македонија, и во 21. век, се повторува, и тоа преку идолопоклонство на некои „нововетни“ ,бакарни, увозни телиња, белосветски шлајшутки, кои мислат дека ќе не убедат дека по нив ни е патот, во нив утехата, па дури потоа е (не)битна приказната за топлината и утехата на и во трошните, но, сепак, наши домови…

Та нели, прво и најпрво е Словото на ближниот, па потоа патот треба да не води кон подалечниот, за и тој да ни стане ближен?! Во случајов со нашите рѓосани телиња, кои пак, се замислуваат за некакви водачи и народни трибуни, работатата е стасана дотаму, што мислат дека нивното умствено слепило неминовно ќе мора да го довтаса, па ако се може (според нивна пресметтка) и да го превтаса народот, во кој се крстат и тоа само кога како воловови за слама се тепаат за власт!

Е, така, ниту можело, ниту ќе може „господа“! Ниту вие, самопрогласените водачи ниту пак, вие самоуништените опозиционери, не ќе можете да го уништите духот на НАРОДОТ! А знаете ли зошто?Затоа што ни прв пат, а ни последен, (бидејќи политикантот само во својата глупост е доследен),се откажавте од него! А НАРОДОТ односно НИЕ, САМО СИ ГО БРАНИМЕ СВОЕТО! По „снегој, мразој и виулици…“ ако треба и мора… А за жал, и треба и мора! А за нас, од НАРОДОТ не се грижете, туку, загрижете се што ќе биде со вашите души и совест,онаму, каде, што неминовно, ќе одговарате, пред Господа!

Автор : Борче Грозданов



Слични Објави