Одбележуваме 87 години од смртта на големиот бугарски научник и општественик Љубомир Милетич
На 1-ви јуни 1937 г. умира големиот научник и обштественик ЉУБОМИР ГЕОРГИЕВ МИЛЕТИЧ, филолог, историчар и етнограф, истакнат член на БАН. Роден е 1863 г. во Штип. Студирал словенска филологија во Загреб и Прага. Тој е еден од создателите на Софискиот универзитет. Бил избран за декан на Историско-филолошкиот факултет, а потоа станал ректор на универзитетот. Учествувал и во управањето на Бугарската академија на науките како председател на Историско-филолошкиот клон и председател на Управителниот совет. Освен тоа Љ. Милетич бил председател на Македонскиот научен институт, и долги години редактор на списанието “Македонски преглед”. Работел во сферата на лингвистиката особено диалектологијата, етнографијата и историјата. Автор е на повеќе од 400 научни трудови: книги и монографии, студии, рецензии и др., многу од кои се на странски јазици: германски, француски, руски, србско-хрватски. Неговото име, останува најтесно сврзано со ослободителната борба на Бугарското население во Македонија и Одринско. Редактор е на поредицата „Материали за историјата на македонското ослободително движење“, еден од најскапоцените извори за историјата на ВМОРО и Илинденско-Преображенското востание, во која се публикувани спомените на видни војводи и водачи на ослободителната Организација.
“Се гордееме, многу се гордееме со своите свети Солунски браќа. И со полно право: во взаемното натпреварување денес просветените народи не престанват со благородна гордост да покажат од минатото епохални моменти, кога нивната културна животноспособност се пројавила со дела од обшточовечко значење. И ние, Бугарите, единствени меѓу јужните словени, сме честити, дека уште во нашата древна историја, пред повеќе од илјада години, имаме културни пројави на нашиот народен гениј, кој високо не’ издигат како историски народ, многузаслужен за просветувањето и за самосознанието на јужното и на источното словенство. Ние преку великото дело на Кирил и Методи први му го дадовме најмоќното средство за духовното усовршување – писмеността.”
“Ехото на силната и жестока борба за ослободување на македонските Бугари одекна низ целиот свет, токму затоа што Македонија не е некоја зафрлена провинција на Турското Царство, туку се наоѓа во срцето на западниот дел на Балканскиот Полуостров, каде што ја пресекуа единствениот природен и најкраток пат од север кон југ, кој ја поврзува Средна Европа со Егејското море и со Блискиот Исток. Поради таа карактеристична географска положба, Македонија во минатото била важен трговски и културен центар на полуостровот, а и во иднина, од тој аспект, ќе има многу големо, речиси универзално значење.
Лично за Бугарија, Македонија поради своето население и во минатото и сега претставува јадро на западната половина на општобугарската татковина. Без Македонија, бугарскиот национален напредок никако не е осигурен, бидејќи македонските Бугари, со својата силно развиена национална свест, ја урамнотежуваат одбранбранета моќ на бугарскиот народ против притисокот на туѓите народи што го опкружуваат. Бугарија и Македонија отсекогаш си припаѓале една на друга и страдале една за друга, во национална и културна смисла, секогаш стремејќи се и кон политичко обединување. Сите кај нас нека ги знаат и добро нека ги запомнат старовремските етнички и културни врски помеѓу Бугарија и Македонија. Без таков историски поглед во нејзиното древно минато, тешко е да си објасниме како беше возможно, покрај познатите силни реакции, во 1903 година да избувне сеопфатно бугарско востание, во најоддалечната од нас Западна Македонија, против една голема и немилосрдна владејачка империја, каква што е Турција…”
