Дали опозицијата треба да овозможи 2/3 мнозинство за промена на организацијата на министерствата?
Facebook статус на Ивон Величковски
Да – само ако мнозинството пристапи кон:
– дополнување на уставната Преамбула според Дополнителниот протокол,
– промена на раководствата на Националната радио телевизија и Агенцијата за аудио-визуелни услуги, на кои им е истечен мандатот, и
– донесување на Законот за примена на рестриктивни мерки.
Со јасен и транспарентен договор за прекин на секаква “трговија со пратеници”.
Партиски легитимно, политички ефикасно.
Пар пратеници што и недостигаат за 2/3 мнозинство на новата власт не го намалува легитимитетот на проектираната промена.
Впрочем ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во континуитет си манифестираа “разбирање” за многу вакви прашања. На пр. за цензус за “третиот и четвртиот мандат” на Иванов.
Обично под плаштот на “државништво” и “сплотување”.
За и ова да не биде прашање во кое мнозинството граѓани се колатерала во партиските калкулации, со ваков предлог на опозицијата на чистина ќе се изнесе:
– Дали ВМРО-ДПМНЕ се помири дека Рамковниот, Преспанскиот и Софискиот се гаранција и за европската перспектива на земјата и за идентитетот на македонскиот народ низ нацијата на Северна Македонија?
– Дали СДСМ е за европски интеграции и кога е во опозиција?
– Дали за ДУИ функционалноста на институциите зависи само од тоа дали е во власта или не?
– Дали ВЛЕН е подготвен евтино да го супституира принципот на суштинска претставеност со обично учество во една влада?
