МНР на Бугарија со реакција на изјавата на премиерот Заев за бугарското малцинство во РС Македонија

//

Бугарското Министерство за надворешни работи излезе со став за почитување на правата на бугарските граѓани и државјани со бугарски идентитет во С Македонија, а во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев од 3 септември, за правата на Бугарите во Северна Македонија.

Во документот се вели дека Софија во неколку наврати изјавила дека е свесна за проблемите со кои Бугарите се соочувале во минатото и дека за жал продолжуваат да се соочуваат до ден денес, а тоа било репресија, говор на омраза и нееднаков третман, пренесува Либертас.

„Континуираната практика на овековечување на предрасудите и негативните стереотипи кон Бугарија и бугарскиот народ, вклучително и преку медиуми, учебници и споменици, како и напади врз бугарските национални симболи и спомен плочи, дополнително придонесува за создавање негативни ставови и неповолна средина за бугарските граѓани во Република Северна Македонија“, пишува во документот на бугарското МНР.



Се наведува дека Бугарија инсистира на јасна и недвосмислена позиција на властите во Северна Македонија да преземат конкретни активности за изградба на интегрирано општество базирано на владеење на правото и заштита на човековите права. Гарантирањето на уставните права на граѓаните со бугарска определба на рамноправна основа со сите други граѓани на Република Северна Македонија, без дискриминација, ќе им реши голем број егзистенцијални прашања. Важноста за одржување добрососедски односи, а особено доследната имплементација, со добра волја, на билатералните договори со земјите-членки на ЕУ, постојано беше нагласена од Советот на ЕУ. Имплементацијата на одредбите и духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка склучен во 2017 година е од клучно значење и останува предуслов за напредок во процесот на пристапување на земјата во ЕУ.

Како заклучок, во документот се наведува дека Бугарија ќе посвети посебно внимание на сите процеси поврзани со создавање на неопходните услови за самоидентификација на граѓаните со бугарска определба.

Претходна статија

Фондација „Македонија“ бара одземање на бугарските државјанства на македонските граѓани кои нема да се попишат како Бугари на пописот

Следна статија

Oвие пет симптоми од делта сојот се јавуваат кај луѓето кои ги примиле двете дози на вакцината

Најново од Вести