ШТО ИМ ПОДАРИ ПУТИН НА МЛАДЕНЦИТЕ?

Вести Истакнато Свет

Во саботата рускиот претседател Владимир Путин ја посети свадбената церемонија на министерот за надворешни работи, Карин Клајнс и локалниот бизнисмен Волфганг Мејмингер во Австрија.

Шефот на руската држава намина на прославата на патот кон Берлин, каде имаше испалнирано важни преговори со германската канцеларка Ангела Меркел. За еден час поминат на венчавката, рускиот лидер успеа да им честита на младенците, да им подари подароци, да одигра танц со невестата и да се потпише на хаубата на ретро-автомобилот како дел од свадбената декорација.

Портпаролот на рускиот лидер, Дмитриј Песков подоцна соопшти што им подарил Путин на младенците: уметничка слика со рурални мотиви од Русија, рачно направен екстрактор за масло, традиционален самовар и се разбира „музички подарок” – со него на церемонијата пристигнаа уметници од ансамблот на Донските Козаци кои изведоа традиционални козачки песни и танци. Според Песков, гостите високо ја оцениле нивната изведба.