ВО БОЛНИЦА ВО АРИЗОНА 16 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ЗАБРЕМЕНИЛЕ ИСТОВРЕМЕНО
Во медицинскиот центар „Банер дезерт медикал центар” во Аризона, 16 медицински сестри ја соопштија својата бременост. Фотографиите и видеата на идните мајки беа објавени на Фејсбук од Ешли Аткинс, член на болничкиот персонал која исто така е бремена.
Според неа, децата треба да се родат помеѓу октомври и јануари.
Медицинските сестри увериле дека никој не планирал масовно породилно отсуство. Следната недела тие сакаат да организираат заеднички „бејби шауер“ – забава каде што идните мајки го објавуваат полот на детето и добиваат подароци.
Времетраењето на родителското отсуство во Аризона е 12 недели.

