| |

МОНТАЖНА КОСТРУКЦИЈА СЕ УРНА ВРЗ ПОСЕТИТЕЛИТЕ НА КОНЦЕРТОТ НА „БЕКСТРИТ БОЈС“

Монтажната конструкција, арка која била направена специјално за концертот, се урнала поради силниот ветер и дождот во градот Такервил (Оклахома). Најмалку 14 лица биле повредени. Концертот бил одложен за следниот ден.

Ова се случило во сабота навечер, 18 август, во 17:30 по локално време. Во Такервил дувал силен ветер, неговата брзина достигнала 113-130 км / ч и почнал пороен дожд.

„Четиринаесет лица добија медицинска помош на терен, а потоа беа однесени во локалната болница. Двајца од нив подоцна беа пуштени на домашно лекување”.

Службите за итни случаи и полицијата работат на местото на настанот.

Слични Објави