|

Проштална средба на министерот Бујар Османи со амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.

Средбата се реализираше на 27 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и САД, што претставуваше убава прилика да се поздрават многуте заеднички успеси и достигнувања низ годините, со посебен акцент на партнерството во рамки на НАТО Алијансата и неодамна одржаниот Стратешки дијалог меѓу двете земји.

Министерот Османи се заблагодари за активниот и континуиран ангажман на амбасадорката Брнз во насока на продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји, како и за конзистентната американска поддршка за демократскиот развој на Северна Македонија и напредокот на патот на европските интеграции.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави