Обласниот управител на Благоевград се поклони пред Гоце Делчев и остави земја од гробот на неговиот татко Никола, погребан во Благоевград
Пред почетокот на средбата на експертската комисија за граничниот премин Струмјани-Берово обласниот управител на Благоевград, Николај Шушков, се поклони пред гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Шушков положи свежо цвеќе пред вечното почивалиште на најголемиот син на поробена Македонија и остави стаклен сад со земја од гробот на Никола Делчев- татко на револуционерот.
Потсетуваме дека таткото на Гоце Делчев, Никола Делчев, и дел од неговото семејство, е погребан во 1920 година во Благоевград (тогашна Џумаја). Освен земјата од гробот Николај Шушков остави и камчиња од изградениот во 1987 година од бугарската држава Меморијал на делчевиот род, кој што се наоѓа во дворот на црквата „Воведение Богородично“ во населбата Варош во Благоевград.