|

Израелските власти го потврдија апсењето на портпаролот на Хамас на Западниот Брег

Портпаролот на Хамас, Хасан Јусеф, беше уапсен вчера за време на израелските рации на Западниот Брег, според израелските власти. Јусеф беше уапсен „под сомневање дека дејствувал во име на Хамас“, изјави за Си-ен-ен  израелската безбедносна агенција „Шин Бет“.

Јусеф е водечка палестинска политичка фигура, која служи како официјален портпарол на Хамас на Западниот Брег и има место во Палестинскиот законодавен совет. Си-ен-ен претходно објави дека се верува дека Јусеф е меѓу повеќе од 60-те члена на Хамас, кои Израел ги приведе во рациите на Западниот Брег, палестинска територија окупирана од Израел, која е сѐ повеќе погодена од борбите во Газа.



Слични Објави