РС Македонија и Бугарија заедно со Италија и Израел ќе бидат домаќини на Европското првенство во одбојка следната година

//

Бугарија РС Македонија Италија и Израел ќе бидат домаќини на Европското првенство во одбојка што ќе се одржи следната година од 28 август до 16 септември. РС Македонија и Израел за прв пат ќе бидат домаќини на ваков спортски настан.

Ова е трето европско првенство во одбојка откако ЦЕВ го прошири форматот со 24 репрезентации. Трофејот ќе го брани Италија која во групата „А“ пред своја публика ќе се сретне со Швајцарија, со Србија, со Германија, со Белгија и со Естонија.

Во групата Б покрај домаќинот Бугарија ќе играат Финска, Словенија, Украина, Хрватска и Шпанија, а во групата „Д“ во Израел, покрај домаќинот ќе се натпреваруваат Романија, Франција, Турција, Португалија и Грција





Претходна статија

Сообраќајка на скопската обиколница, загина велосипедист

Следна статија

Зеленски ја поздрави одлуката на холандскиот суд за соборениот малезиски авион во 2014

Најново од Вести