ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА НОВ СИСТЕМ ЗА КОНТРОЛА НА СОСТОЈБАТА НА МОСТОВИТЕ

Вести Истакнато Свет

Нов технички систем за следење на состојбата на мостовите се воведува на територија на Германија по уривањето на мостот во близина на Џенова во Италија, изјави на 19 август во интервју за „Билд“, министерот за транспорт на Германија Андреас Шојнер.

Според министерот, подобра нова верзија на „техничкиот индекс за контрола над мостовите” ќе биде презентирана од страна на министерството до крајот на 2018 година. Главниот акцент е да се направи подобра проценка на состојбата на конструкцијата и верификација на максималното дозволено оптоварување на нив.

Во исто време, Андреас Шојнер истакна дека германските возачи не треба да стравуваат од повторување на несреќата во Германија како таа во близина на Џенова, бидејќи германските мерки за следење на техничката состојба на мостовите се на второ место во Европа, после швајцарските.