ТРАМП Ѝ ТЕРА ИНАЕТ НА МЕЛАНИЈА: ГО СМЕНИ ЦЕЛИОТ МЕБЕЛ ВО БЕЛАТА КУЌА
Според весникот Њу Јорк Тајмс, американскиот претседател одлучил да го замени мебелот во Белата куќа нешто што повеќе му се допаѓа. Се известува дека првата дама на САД има вкус за дизајн и избрала соодветен распоред и мебел, но вкусовите на двојката не се совпаѓаат, така што Доналд Трамп го сменил целиот мебел што неговата сопруга го избрала, за поинков и по негов вкус.
Сепак, прес-службата на првата дама го отфрли ова тврдење, истакнувајќи дека двојката заедно го одбирала мебелот. Сепак, изворот од Њу Јорк Тајмс ги негираше информациите од потпаролот на Меланија и рече дека оваа ситуација укажува на несогласувања меѓу сопружниците. Нагласено е дека Трамп не ја одобрува иницијативата на неговата сопруга за поддршка и развој на инфрастуктура за деца. Програмата има за цел подобрување на животот на децата и социјална помош од различен план.
Медиумите често имаа можност да збележатт како Меланија со голем отпор го зема под рака нејзиниот сопруг за време на разни официјални и јавни настани. Исто така, и покрај негирањето, сè уште „вода држат“ шпекулациите дека по завршувањето на мандатот, американскиот претседател го чека уште една тужба за развод на брак, овој пат од поранешната словенечка манекенка.