СЕ ИЗВИНИ КОМПАНИЈАТА ШТО ГО ОПСЛУЖУВАШЕ МОСТОТ ВО ЏЕНОВА

Вести Истакнато Свет

Џовани Кастелучи, генералниот директор на компанијата „Автопатишта на Италија“ ( Autostrade per l’Italia), која е виновна за падот на мостот во Џенова, излезе на прес-конференција на која се извини и изрази сочувство до семејствата на загинатите.

Кастелучи рече дека компанијата има намера да ги ублажи страдањата на роднините на починатите како резултат на несреќата и планира да создаде фонд со средства за жртвите, објави РИА Мио.

Тој, исто така, истакна дека луѓето чии куќи беа уништени како резултат на колапсот, може да очекуваат компензација. Според него, повеќе милиони евра веќе се подготвени за сите настрадани семејства.

Исто така, Кастелучи рече дека компанијата е подготвена да започне со работа на обнова на мостот во блиска иднина, истакнувајќи дека смета дека тоа е примарна одговорност на компанијата. Ветено е новиот мост да биде направен од челик и тоа за осум месеци.

Директорот на компанијата, исто така, рече дека располагал со информација дека мостот претставува опасност, и наведува дека сега со ова прашање ќе се занимава обвинителството.

Рушењето на двесте метарскиот мост се случи утрото на 14 август. На мостот во моментот поминувале 35 автомобили и три камиони.