|

БОМБА ТЕШКА ЕДЕН ТОН ПРОНАЈДЕНА ВО ЦРНА ГОРА

При градежни работи на автoпат во Црна Гора денеска е пронајдена неексплодирана авионска бомба од Втората светска војна, тешка еден тон, објавија црногорските медиуми.

Припадници на единицата за вонредни ситуации ја отстраниле експлозивната направа и таа ќе биде деминирана. Бомбата имала два детонатори.

Движењето на сообраќајот било еден и пол час во прекин поради поголема безбедност при транспортот на бомбата.

Извор: Макфакс

Слични Објави