ПЕНДАРОВСКИ: СО СРБИЈА СПОДЕЛУВАМЕ ЗАЕДНИЧКО МИНАТО И СЕ СТРЕМИМЕ КОН ИСТА ЦЕЛ
„Пријателството со Србија во иднина очекувам да го градиме уште поинтензивно бидејќи споделуваме заедничко минато и се стремиме кон иста цел – членство во ЕУ. За нашите стратешки цели денеска имав корисен разговор со претседателот на Србија, Вучиќ. Европската Унија не смее да го изостави Западен Балкан. Единствената гаранција за стабилност, сигурност и просперитет за регионот е членство во ЕУ“, стои во објавата на официјалната facebook страна претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, кој се наоѓа во посета на Србија.

