Нашите вистински браќа!
Седејќи дома и следејќи ги новостите кои се поврзани со протестите за името на државата, налетав на доста интересни статии од една братска земја за која во Македонија малку се знае, а тоа е Украина.
Како свесен Македонец следам повеќе украински страници кои многу пати со неизмерна љубов и почит пишуваат за нашиот народ, посебно за ВМРО од каде што нивните револуционери и го превзеле нивното знаме.
За нив ВМРО е пример за тоа како треба да се води борба со идеали и саможртвување, за разлика од Русите за кои ВМРО беше и остана смртен непријател.
Туку да се навратам на текстовите, во нив пишува за Македонија и нејзинтие непријатели, за проблемите со кои се соочува македонскиот народ од предавничките влади, за тоа како во војната 2001 Украина единствена и помогна на Македонија и затоа како македонските патриоти вечно се благодарни на тоа. Токму тоа и положбата на Македонците која е слична со таа на Украинците, треба да нѐ обедини бидејќи ниту едно братсто за Украинците (споредувајќи го она со Хрватите) не може да биде посилно од она со Македонците.
Се даде поддршка за протестот за спас на името, па во иднина со градење на поблиски односи со македонските организации и взаемна поддршка , зашто да нема вакви манифестации и во Киев.
Но наместо тоа, нашите битанги и идиоти, удбаши ќе не поврзувале со Русија. Истата Русија која преку ниту едно соопштение не даде поддршка за протестите, кои даваа директни преноси со силна поддршка за протестантите во Грција. За Македонија одвоија едвај две минути на нивната Russia Today телевизија, каде што Единствена Русија не издаде никакво соопштение за тие настани, а некој нивни наследници ќе ни носат Руси да нѐ учат како нѐ сакат како браќа, дур истата партија и руска Влада испраќа свој претставник од РПЦ кај БПЦ да им укаже на Бугарите да не им помагаат на Македонците да имат црква и дека тие се Срби со говорна мана, кои треба да останат под црковното влијание на СПЦ.
Затоа наша обрска на национално свесните Македонци е кога ќе се појавиме на протест , не да извикуваме Русија, туку да извикуваме Украина, Украина, Украина.
Бидејќи токму Украинците ја имаат нашата мака, тие многу добро знаат што е тоа да се бориш за своја црква, како е да те владее УДБА или во нивен случај КГБ, што значи да се избориш за да бидеш слободен и независен.
И за крај една порака до русофилите, багро политичка и неписмена, вие одите во преградката на предаторот, но ние нема да ви дозволиме, ќе се бориме силно против вас и нашиот смртен непријател, секогаш славејќи го братството со нашите вистински и искрени браќа Украинците.
Автор: Ојнак
