ДВА ТЕСТА – ДВА ПОРАЗИ: МАКЕДОНСКИТЕ НАДЕЖИ ДЕНЕСКА ДОБИЈА „ПЕТАРДА“ ОД СРБИЈА
Македонската фудбалска репрезентација до 18 години со два порази од Србија не ги положи „тестовите“ во контролните мечеви на тренинг-центарот Петар Милошевски во комплексот куќа на фудбалот, па после минималните 0-1 во вторникот, денеска надежите загубија со убедливи 1-5 од северниот сосед.
Македонија само ги налути Србите откако по седум минути игра Дамјан Трајановски даде гол за водство, но набрзина српските фудбалери направија предност, Александар Дељанин во 12-та и Вукашин Богдановиќ во 15-та погодија двапати, а потоа во вториот дел Србија со уште подобра игра нѝ дадоа уште три гола.
Богдановиќ погоди вторпат, а откако Хамза Рамани промаши пенал во 65-та, Чолиќ и Јакојевиќ се запишаа во листата на стрелци за убедливи 5-1. Селектор на оваа генерација на фудбалери до 18 години е Шкумбин Арслани.
Извор: Спорт1
