| |

КАМИОНОТ СО МИГРАНТИТЕ ШТО СЕ ПРЕВРТЕ НА ПАТОТ СВЕТИ НИКОЛЕ-КУМАНОВО БИЛ СО УКРАДЕНИ БУГАРСКИ ТАБЛИЧКИ

Камионот со мигранти што се преврте на патот Свети Николе-Куманово бил со украдени бугарски таблички.

Порано денеска медиумите јавија дека камион со бугарски таблички се превртел додека превозувал 25 нелегални мигранти. Бугарската BTV објави дека регистарската табличка на камионот е украдена од автомобил на човек со македонско и бугарско државјанство.

Од МВР соопштуваат дека несреќата во која настрадаа сите 25 мигранти се случила вчера наутро. Возачот кој е македонски државјанин се бара.



Слични Објави