РИСТО КОСТАДИНОВ ОСВОИ РЕКОРДЕН МИЛИОНЕР ЏЕК-ПОТ ВО ДЕКЕМВРИ, ВРЕДЕН 1.764.482 ДЕНАРИ

Ристо Костадинов од село Марвинци, стана сопственик на најголемиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во месец декември 2019. Најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка на Државна Видеолотарија му донесе фантастични 1.764.482,00 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена на 06.12.2019 во Валандово во Спортлајф Трејд.

И во декември се шири кругот на милионери од Државна Видеолотарија. Го имаме и сопственикот на рекордната добивка МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ за месец декември, вредна 1.764.482,00 денари. Добивката беше освоена на 06.12.2019 во Валандово. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена во Спортлајф Трејд. Нејзиниот среќен сопственик е Ристо Костадинов. Тој ни откри дека е пресреќен за освоениот износ, но сѐ уште нема план за трошење. Верува дека со оваа добивка, следната 2020 ќе биде среќна за него.

Уште еден среќен добитник, пристигна во Државна Видеолотарија. Славчо Трајчевски од Демир Хистар, освои МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.469.125,00 денари. Фантастичната добивка ја освоил на видеолотариските терминали на 03.12.2019 во Клуб Спорт 77 Евротип во Демир Хисар. Славчо ни раскажа дека ова не е прва негова добивка, но секако е највредната освоена досега.

Најголемиот износ на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката за 2019 сеуште е кај нашиот 177 добитник, Трајче Иванов од Штип. Добивката вредна 1.791.299,00 денари, ја освои на 14.01.2019.

Џек Пот добивките, Државна Видеолотарија ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 297 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 442.922.909,00денари. Покрај нив, освоени се и 55.882 Мини Џек Пот добивки во вкупен износ од 296.004.114,00 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 4 илјади до 5 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.

Извор: Спорт1