БРОЈОТ НА ЖРТВИ СЕ ЗГОЛЕМИ НА 46 – АЛБАНСКОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА ГИ ОБЈАВИ ИМИЊАТА НА НАСТРАДАНИТЕ
Албанското министерство за одбрана ги објави имињата на настраданите во разорниот земјотрес кој ја погоди Албанија пред три дена, а билансот на жртвите официјално е зголемен на 46.
Бројот на настраданите е зголемен синоќа затоа што спасувачките служби извлекле уште четири лица од рушевините во Драч, пренесува АТА.
Според податоците на Министерството за одбрана, бројот на жртвите во Драч се зголемил на 22, во Круји загинале 23 лица и во Курбин едно лице.
Според податоците на Министерството за здравје, повеќе од 2.000 луѓе се повредени во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтерова скала кој во вторникот рано наутри го потресе Драч и околината, пренесува АП.
