БОКИ 13 ПРИМИ ДИЈАЗЕПАМ, СУДЕЊЕТО ПРОДОЛЖУВА
Продолжи судењето за предметот „Рекет“ откако екипа за брза помош го прегледа осомничениот Бојан Јовановски и процени дека е способен да го следи судењето.
На првообвинетиот Јовановски му се слоши набрзо откако започна судскиот процес, а лекар од брзата помош утврди дека има покачен крвен притисок, со вредност 140 со 100. Ординирана е терапија дијазепам, по што екипата замина, а процесот продолжи.
