ЗАЕВ: ЌЕ ЈА ИСПОЧИТУВАМЕ ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ
Ќе ја испочитуваме Венецијанската комисија, а Министерството за правда ќе ги направи потребните измени на Законот, рече денеска премиерот Зоран Заев, откако вчера венецијанската комисија ги објави забелешките во врска со Законот за јазици, јавува Алсат М.
„Министерството за правда ќе ги подготви измените, уште еднаш ќе ги испратиме, за да каже (Венецијанската комисија) дали е тоа тоа, за да може навистина соработката да ја потврдиме и ќе го пуштиме во Парламентот за да го констатира“, рече Заев.
