ЛАВРОВ ЌЕ ГО ПОСЕТИ ВАШИНГТОН СЛЕДНАТА НЕДЕЛА
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе го посети Вашингтон следната недела за да се состане со државниот секретар Мајк Помпео.
Помпео во вторник ќе го угости Лавровм а се очекува и дека по разговорот ќе следи заедничка конференција за новинари, соопштиле две неименувани службени лица.
Не е познато дали Лавров за време на патувањето планира и други состаноци, за кои во четвртокот се зборувало во руските медиуми, пренесува „АП“. Службените лива сакале да останат анонимни затоа што не се овластени јавна да говорат за планираниот состанок.
Изворите наведуваат дека Помпео и Лавров ќе разговараат за контролата на наоружувањето, ситуацијата во Украина и Сирија и други прашања кои се однесуваат на односите меѓу САД и Русија.
„АП“, меѓутоа, наведува дека таа посета веројатно ќе биде помрачена со постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп во врска со Украина, како и објавувањето на извештајот на генералниот инспектор на Министерството за правосудство околу истрагата за руското вмешување во претседателските избори 2016 година.

