МАЛАТА ПРИНЦЕЗА АНДРЕА УКРАДЕ НАСМЕВКИ ВО ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ НА БОЛНИЦАТА ВО СТРУГА
Најмладата хуманитарка Андреа Костовска (5 и пол години) од Струга , денеска ги израдува дечињата во Детското одделение на болницата во Струга со новогодишни пакетчиња.
Ова не е прва добротворна акција на Андреа. Претходно таа собираше донации за болното девојче од Охрид, Сара, за Стефан од Скопје, за децата во детското одделение на Клиничкиот центар во Скопје, а сега и за дечињата струшката болница.
Пакетчињата се донирани од хуман граѓанин во чест на неговата почината мајка.
Испраќаме преградки до Андреа и нејзината мајка Ружица и ги повикуваме останатите граѓањи да #БидатКакоАндреа.

