|

МИНИСТЕРКЕ ЦАРОВСКА ДО КОГА ЌЕ НЕ ДИСКРИМИНИРАТЕ?

Дали повторно треба да излеземе на улица, за да нѐ слушне и види некој, онaка како и кога МТСП имаше обид да го услови додатокот за туѓа нега со користење Персонална Асистенција и немањето компромис за нашите барања при донесување на новиот Закон за социјална заштита, каде без образложение ниту еден не беше прифатен?! Престанете да не дискриминирате и да ни ги уништувате и онака малите права кои ги имаме со Конвенцијата. Новиот обид за измени, Членот 76 од постојниот Закон за социјалната заштита (Сл. весник на РМ бр.104/19) се менува во ставот 2 кој што гласи:

„Личната асистенција вклучува: помош и поддршка во вршење основни инструментални активности од секојдневниот живот, помош и поддршка на работното место, образовните институции, центрите за рехабилитација, помош и поддршка во зедницата и други активности од интерес на лицето, до 80 часа месечно.“ (Истиот веќе е во амандманска расправа и не може да се повлече).

Сега со предложените измени и дополнувањата овој став се предлага да гласи „По исклучок за корисниците кои што се деинституционализирани или живеат со поддршка, во Заводот за рехабилитација Бања Банско кој што ќе изнесува 160 часа месечно.“

Доста е со манипулација и дискриминација, луѓе сме со исти права без разлика дали сме биле во „Бања Банско“ или живееме во семејство а многумина и веќе сами. Кој е правилникот и критериумот по кој сакате да не дискриминирате по основ на место на живеење?

Автор: Бранкица Димитровска, претседател на „Хендикеп Плус“

Слични Објави