| |

Зошто Црвенковски, Мицкоски, Пендаровски, Силјановска… спојуваат блокада на Собранието со подготовка за колапс на датумот за ЕУ-преговори

По враќањето од Кијив, Претседателот на Собранието Џафери најави иницијатива за документ на Собранието на Македонија за осуда на геноцидот на руската војска во неколку украински градови.
Две недели подоцна, во име на барање лидерска средба за предвремени избори, пратениците на Мицкоски започнаа собраниска блокада, а сега со Апасиевци одат на интерпелација за спикерот.
На “јавноста” и пропадна фарсата “заклучени врати” и и преостана само да се згрозува на Деловникот, па состојбата во Собранието остана да личи само како алатка за “подгревање” за најавените протести. Но…

Украина се надева дека Северна Македонија ќе ги признае руските злосторства како геноцид врз украинскиот народ, бидејќи Македонците, како никој друг во Европа, веројатно разбираат што значи да се биде понижен за својот идентитет, јазик и култура, – изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба при посетата на Бујар Османи на Кијив вчера.

Оваа изјава всушност укажа на една од основните цели на блокадата во Собранието: превенција на собраниски документ најавен од мнозинството, со кој опозицијата преку поддршка или отфрлање – ќе се произнесе дали очигледниот геноцид ќе го нарече со вистинско име или ќе продолжи пропутинистички.

Додека во Софија владејачката коалиција се координираше околу (можноста за) кревање на ветото за датум за преговори, вчера и Црвенковски ја обесхрабруваше јавноста за потенцијалот за почетокот на преговорите, бидејќи Софискиот договор ја отворил “Пандорината кутија” на “заедничката историја”.
Неделава констатирана и во Резолуција на Европскиот Парламент, заедно со барање да ги отвориме архивите на ју-службите (УДБ/СДБ, КОС, СИД).

Надоврзувањево на Пендаровски не ќе беше особен индикатор ако не доаѓаше од екс претседателот и премиер кој, пред пензионираните амбасадори, го исфали Преспанскиот додека го черечеше Софискиот. Имено Преспанскиот и нацртот на договорот меѓу Скопје и Атина (за “Нова” Македонија) што му го понудија Карингтон и Овен – се два скоро идентични текста. Со таа разлика што неговата влада ова го одби пред 30 години. Во кои се случија приватизацијата, ТАТ, Гостиварските настани, 2001, Груевски, Куманово…, додека седевме во чекалната на НАТО и сега на ЕУ.

Операцијата “Баталете Европа” отворено започна со дајте “нов рамковен економски договор” на Хари Костов и воодушевувањето од Опен Балкан на Вучиќ. и Рама низ (медиумите блиски до) Комората на Азески. Вчера таа само беше заокружена.
Овие две недели покажуваат кои играчи во каква игра и координација се. Блокирано Собрание им е потребно и во случај тоа да треба да расправа за модалитети за надминување на ветото за датумот за преговори што евентуално би ги утврдувале двете влади. Колку и тоа да личи невозможно.

Така недоречена кон Украина и закочена кон ЕУ, македонската политичка сцена би останала во инфериорност, владата на Ковачевски во дефанзива, парламентарната опозиција во поход кон нова 2008 до некој нов “27 април”, а естаблишментот од 1990 – раат.

Нашата генерација и новата република градена низ Рамковниот, Софискиот, Преспанскиот договор и членството во НАТО нема причина да се откаже од својата цел за ќефот на оние што ни ја одземаа перспективата, како до, така и по 1991.

Facebook статус на Ивон Величковски

Слични Објави