|

АЛБАНСКИОТ МИЛИОНЕР КОКЕДИМА: БАЛКАНСКИОТ МИНИ ШЕНГЕН Е НОЖ ВО ГРБОТ НА КОСОВО

Поранешниот социјалдемократ и еден од највлијателните бизнисмени во Албанија, Кочо Кокедима, лидер партијата „Решение“, тврди дека идејата за „балкански мини шенген“ претставува реална закана за албанската нација, јавува приштинскиот весник Коха Диторе.

„Балканскиот мини Шенген е неуспех за албанската економија и нож во грбот на Косово“, се вели во соопштението на партијата „Решение“.

Од „Решение“ потенцираат дека албанскиот премиер Еди Рама, дејствувајќи како бранител на словенските интереси во регионот, станал реална опасност за иднината на Албанците во регионот.

Слични Објави