|

СЕЛА НЕ ВЕРУВА ВО РЕФОРМА НА СУДСТВОТО АКО ДУИ Е ДЕЛ ОД ПРОЦЕСОТ

Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ изјави дека не верува во реформа на судството со учество на ДУИ во процесот.

Битката со криминалот според Села треба да се води преку „чистка на правосудниот систем”. Ако не одговараат тие што ги давале наредбите, што ја злоупотребиле власта, што монтирале случаи, додава, ќе остане неправдата која ги прави гласачите апатични, што во најлош случај може да доведе до губење на желбата да излезат да гласаат.

Села нагласи дека од неговата партија се заинтересирани за предизборна коалиција со Алтернатива и движењето БЕСА.



Слични Објави