„ДОКТОРОТ“ РОСИ ДОГОДИНА ЗАМИНУВА ВО ПЕНЗИЈА?

Веројатно најголемата мотоциклистичка ѕвезда на сите времиња, Валентино Роси, познат под прекарот „доктор“ најави дека наскоро ќе ја донесе одлуката за својата иднина, а не ја исклучува опцијата да се повлече од спортот на крајот на идната година.

Роси има договор со Јамаха до крајот на 2020 година, ама сезонава му беше најлоша откако вози во „кралската класа“, па во генералниот пласман заврши како седми и сега најави дека ако нема напредок со Јамаха – оди во пензија.

„Следната сезона е клучна и на крајот на истата ми истекува договорот, така да за жал ќе мора да донесам одлука дали ќе продолжам да возам. Логично е дека сè ќе зависи од резултатите. Направивме одредени промени во тимот, па ќе видиме дали може да бидеме конкурентни и брзи. За да продолжам да возам ќе мора да бидеме многу подобри во однос на оваа година, а ако не сме – најдобро е да се повлечам“, вели Роси

Извор: Спорт1



Слични Објави