| |

БУЏЕТОТ ЗА РЕТКИ БОЛЕСТИ ЗА 2020 ГОДИНА ИЗНЕСУВА 527 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Министерството за здравство денеска соопшти дека со Програмата се обезбедува стандард на лекување на лицата со ретки болести, сличен на стандардот на лекување на другите болести во здравствениот систем, согласно со светските нормативи за лекување и обезбедениот буџет наменет за ретките болести.

Програмата за лекување на ретки болести за 2020 година е објавена во Службен весник. Буџетот за ретките болести за 2020 година изнесува 527 милиони денари.

Во 2018 година се воспостави електронски регистар за ретки болести, кој ги содржи сите основни информации за пациентите со ретки болести, нивната дијагноза, потребната терапија, соодветната клиника на која се лекуваат, како и лекарот кој ги лекува, јавуваат од Министерството за здравство.



Слични Објави