БЕЛГРАД: НИКОГАШ НЕМА ДА ГИ ПРИЗНАЕМЕ ПРИШТИНСКИТЕ ВОЗДУХОПЛОВНИ ВЛАСТИ
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Марко Ѓуриќ му испрати порака на лидерот на партијата Слобода и правда Драган Ѓилас дека Србија не го прифаќа неговиот предлог српската авиокомпанија Ер Србија да ја признае независноста на Косово, со тоа што би потпишала договор со аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина.
„Нема да го прифатиме предлогот на Ѓилас и никогаш нема да ги признаеме приштинските воздухопловни власти“, порача Ѓуриќ.
Ѓилас вчера изјави дека е добро што е направен првиот чекор кон воспоставување авио-линија меѓу Белград и Приштина, но дека не е добро тоа што летовите нема да ги обавува Ер Србија, туку Луфтханза. Според Ѓилас тоа значи дека власта прифатила, суштински иако не формално, дека Приштина не е град во Србија.
