„РЕКЕТ“: ВО СУДНИЦА ПОКАЖАНА ФОТОГРАФИЈА ОД ЈАНЕВА ВО ДНЕВНА СОБА СО СНОПЧЕ ПАРИ НА МАСА
еѓу пораките што се читаа во Основниот кривичен суд во Скопје од вештачењето на мобилниот телефон на Бојан Јовановски-Боки 13, имаше и такви што тој ги разменувал со контакт запишан како Васе, што алудира на адвокатот Васил Димишков, брат на судијката на претходна постапка Весна Димишкова, јавува 360 степени.
Пораките што се прочитаа беа во периодот од почетокот на октомври 2018 до април 2019 година, но контекстот на комуникацијата меѓу нив беше тешко разбирлив. Можеше да се види дека си праќале фотографии од документи за случајот „Империја“, односно мислења од СЈО пратени до судот, како и повеќе пораки преку кои договараат да се слушнат телефонски или да се видат во живо.
„Како си денес, дали се одмори, те молам види со Мајка до каде се“, е содржината на уште една порака од 29 јануари 2019 каде што се споменува прекарот Мајка, со кој веројатно се алудира на Јанева.
Се читаа и две пораки со водителката Лила Стојановска, блиска пријателка на Боки, која во една од нив го известува дека Орце Камчев дошол во ресторанот „Уранија“ заедно со Савова. На тоа Боки возвраќа само: „Стока“.
Исто така, имаше и пораки со осомничениот бизнисмен во „Поштенска банка“, Томе Главчев, а пораките се однесуваа на договарање средби, информација дека се исплатени пари… Главчев сведочеше во предметот на минатите рочишта, но зборуваше дека со Боки договарале реклама за неговата фирма.
Целиот напис прочитајте го овде.
